Црна хроника
Автомобил удрил во жена пешак и побегнал

Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена кога во неа удрил автомобил на улицата Васил Ѓоргов во Велес.
Според информациите, несреќата се случила вчера попладне, а автомобилот побегнал по настанот.
Во несреќата А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младо момче од Матејче се судрило со полициски „спарк“, има петмина повредени

На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, Липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Црна хроника
Скопјанец фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил

Скопјанец е фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил.
Според информациите, во саботата, на улицата Методија Митевски во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, осомничениот неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога марихуана во поголема кеса. При претрес на возилото полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишникот под сомнение за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците, но и да го повтори делото за кое против него и претходно се воделе други постапки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Качанички Пат

Сообраќајна несреќа утрово се случи кај Качанички Пат.
Движењето на улицата е отежнато, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според првичните информации, нема загинати патници.