Црна хроника
Автомобил удрил во 57-годишен скопјанец и побегнал од местото на несреќата

57-годишен скопјанец бил тешко повреден откако во него удрил автомобил кој побегнал од местото на несреќата, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица Орце Николов, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Бил извршен увид, информираа од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени две лица во струшко, биле фатени со бесправно исечени дрва

На 28.06.2022 година околу 13.00 часот, на локален пат помеѓу струшките села Боровец и Лакавица, кај месноста „Равење“, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи-Запад, во содејство со ОВР Струга, Шумската полиција, подрачната единица на Министерството за шумарство и водостопанство и Полициската станица во Лабуништа, презедоа координирани мерки со цел фаќање на сторители на нелегална сеча и транспорт на огревно дрво.
Притоа, сопрено е товарно возило „Ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од селото Велешта, во кое, без документација се превезувале 14,2 метри просторни огревно дрво. Сопатникот во возилото, Т.Д.(45) од Вевчани, вработен во ШПС „Јабланица“, се обидел да пополни испратница и да му овозможи на превозникот документ за легален транспорт, но бил спречен од полициските службеници. Од него се одземени два кочани со испратници и еден чекан за жигосување дрва, соопшти полицијата.
По наредба на Јавен обвинител двајцата се приведени, извршени се претреси во домот на Т.Д. како и во Шумското претпријатие „Јабланица“, а товарното возило и дрвната маса се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа надлежните.
Македонија
Апелациja и ја намали казната на Ангела Ѓорѓиевска, осудена за убиството на Пино Секондо

Апелациониот суд и ја намали казната на Ангела Ѓорѓиевска, осудена за убиството на Пино Секондо. Од првостепената пресуда каде е осудена на 19 години затвор, сега таа има три години помалку за лежење, односно 16 години затвор. За пресудата од Апелација обзнани Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино. Ова е втора одлука на Апелација, откако претходно, ја укина пресудата и Кривичен ја досуди истата казна од 19 години затвор.
„Денес ја добив пресудата од судот Апелација на град Скопје за убиството на моето дете Пино. Една мајка на која и го убиваaт детето не е задоволна никогаш, ќе бев задоволна ако ми го вратеа детето назад живо и здраво. Не бев задоволна за два пати пресуда од 19 години и сега не сум задоволна. Јас барам доживотен затвор за Ангела Ѓорѓиевска но сепак: Сакам да се заблагодарам на првостепениот суд од Град Скопје. Сакам да се заблагодарам на судот Апелација од град Скопје. Оваа пресуда од 16 години затвор за оваа девојка нема никогаш да ми го вратат Пино дома. Оваа девојка несмее никогаш слободна да се шета на земјава затоа што никогаш не се покаја за убиството што го стори заедно со Али Фуркан, може истото дело повторно да го стори и после некоја друга мајка да пати, да плаче и да се моли барем во сон да си го види синчето. Сепак сакам да кажам благодарам на судството во Република Македонија“, напиша мајката на убиениот Пино.
Адвокатот Sвонко Давидовиќ, бранител на осудената Ангела, при изрекување на првостепената пресуда кажа дека пресудата е донесена на „ти реков-ми рече“. Ѓорѓиевска е осудена за помагање при извршеното убиство на Пино. Телото на убиениот Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството, во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.
Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка што ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.
Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“, со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.
Обвинителството тврди дека тројцата се упатиле по обиколницата кон атарот на селото Арачиново и во една нива почнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан Али со пушката го застрелал Пино Секондо во главата. Осудената Ангела Ѓорѓиевска придонела да се изврши убиството, така што овозможила Пино да се сретне со убиецот иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост.
Црна хроника
Метална врата на фудбалско игралиште паднала врз малолетник во скопски Аеродром

Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж.(65) од Скопје пријавила дека на 28.06.2022 околу 20.30 часот на фудбалското игралиште на ул.„Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата.
Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на расчистување на случајот, информира полицијата.