Црна хроника
Автомобил удрил во осумгодишно дете во Сарај
Вчера во попладневните часови во полиција било пријавено дека во скопското село Сарај со автомобил било удрено дете пешак.
Како што информираат од МВР, автомобил „цитроен берлинго“, со скопски регистарски таблички, управуван од 32-годишен жител на селото Љубин, удрил во дете пешак на возраст од осум години, кое живеело во Сарај.
По незгодата, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг.
Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдено зрно од оружје на тераса на Бит Пазар
Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 12 април во 12:57 часот од Е.Џ. (42). Таа навела дека зрното го забележала на подот од терасата во домот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од пат, повредени лица од Богданци и Гевгелија
На локалниот пат од село Миравци кон село Петрово, гевгелиско, доцна вечерта се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „ауди“ излетало надвор од патот.
Несреќата била пријавена на 12 април во 23:00 часот, а возилото било управувано од К.Д. (28) од Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д. (27) од Богданци, додека со телесни повреди се здобил сопатникот М.С. (25) од Гевгелија.
Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија.
