Контакт

Топ

Агент за недвижности од Скопје зел капар за станови, а парите си ги ставал в џеб

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против агент за недвижности од Скопје, кој зал капар за продажба на станови во изградба, но земениот капар не го уплаќал во агенцијата во која е вработен.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против О. С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело измама.

Тој е осомничен дека во временскиот период јули – септември 2020 како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје ги довел во заблуда И. К. и С. А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен.

Извршувајќи ги овие дела О. С. стекнал сротивправна имотна корист од приближно 110.000 денари.

Свет

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Објавено пред

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше последен европски самит на позицијата германска канцеларка.

Меркел, за која ова беше 107-от самит на ЕУ, беше придружена со аплауз од највисоките претставници на земјите-членки и институциите на ЕУ.

„ Самитот на ЕУ без Ангела Меркел ќе биде како Рим без Ватикан или Париз без Ајфеловата кула“ – изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој ѝ рече на Ангела Меркел дека ќе им недостасува нејзината мудрост, особено во сложени ситуации.

Како посебни квалитети на германската канцеларка, Мишел ги спомена научното размислување, интелектуалната љубопитност, присебноста и едноставноста.

„ Не оставаш нас. Вашиот дух и искуство остануваат со нас“ – порача Мишел.

Како симболичен подарок за збогум, германската канцеларка во заминување доби уметничка презентација на зградата „Европа“, каде се одржуваат состаноците на лидерите на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Економија

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Објавено пред

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да ги ублажат, а на подолг да ги заштитат економијата и граѓаните на ЕУ од влијанието од ценовниот скок на енергијата.

Во своите заклучоци, лидерите на ЕУ ги повикуваат земјите членки и Европската комисија итно и најдобро да ги искористат постоечките инструменти за да обезбедат краткорочна помош за најранливите потрошувачи и да ги поддржат европските компании.

За таа цел, Франција најави дека ќе издаде ваучери од по 100 евра за граѓаните чии месечни примања се помали од 2.000 евра, со цел да им помогне на тие 5,8 милиони домаќинства да ги платат трошоците за греење и гориво.

Среднорочно, лидерите на ЕУ ѝ наложија на Европската комисија да го проучи функционирањето на пазарите на гас и електрична енергија и да процени дали е потребно да се воведат дополнителни регулаторни мерки поради одредени пазарни однесувања.

„Комисијата и Советот на ЕУ, исто така, треба да разгледаат и мерки кои ќе придонесат за производство на енергија за домаќинствата и компаниите по пристапна цена, ќе ја зголемат отпорноста на енергетскиот систем на ЕУ и внатрешниот енергетски пазар, ќе обезбедат сигурност во снабдувањето и ќе ја поддржат транзицијата кон климатска неутралност, притоа почитувајќи ја разновидноста на енергетските сектори на земјите членки“, се наведува во заклучоците на Европскиот совет.

Европската инвестициска банка е повикана да размисли како да се забрзаат инвестициите во енергетска транзиција, во рамки на нејзиниот сегашен капитал, со цел да се намалат идните ризици од нарушувања и да ги исполни европските амбиции за глобално поврзување.

Лидерите на ЕУ најавија дека прашањето за цената на енергијата ќе се врати во декември.

Иако Европската комисија во својот извештај за состојбата на енергетскиот сектор наведува дека нема непосредна опасност од недостиг на гас и предвидува дека цените ќе се стабилизираат до април 2022 година, некои земји членки, предводени од Франција и Шпанија, инсистираат на итност по прашањата за цената на енергијата и структурните промени на пазарот за електрична енергија.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди колегите на самитот дека цените на фосилните горива најверојатно ќе останат високи на долг рок.

Прикажи повеќе...

Македонија

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Објавено пред

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 21 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

„ Во период од 6.8 до 21.10.2021 на територија на државата 42.945 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминатиов период, 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 21.10.2021 на територија на државата починале 1506 лица со Ковид-19, 1246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“, се наведува во извештајот на Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија1 час

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија3 часа

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ4 часа

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет6 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион21 час

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија22 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ22 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија1 ден

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија1 ден

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа1 ден

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ1 ден

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 ден

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет1 ден

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет2 дена

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија2 дена

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Досие