Контакт

Црна хроника

Албански државјанин со автомобил удрил малолетничка во Дебар и побегнал

Објавено пред

Малолетничка од Дебар се здобила со повреди откако во вечерните часови на 21 октомври во неа удрил автомобил, управуван од албански државјанин кој по инцидентот побегнал од местото.

Како што информираат од МВР, настанот се случил на дебарската улица Вељко Влаховиќ , а 32-годишникот од албанското село Боровјан управувал „мерцедес“ со англиски регистарски ознаки.

Откако удрил во малолетничката тој избегал од местото, а девојчето било пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош.

Дебарската полиција презема мерки за расчистување на случајот.

Црна хроника

Пожар во подножјето на Баба, изгоре нискостеблеста шума и трева

Објавено пред

Вчера околу 13:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во подножјето на планината Баба настанал пожар во кој гори нискостеблеста шума и сува трева. Во 16:00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Повредени лица нема, а увид бил извршен, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возило на МВР удрило во два мопеда, повредени се две девојки

Објавено пред

Вчера во 13:15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М.(44), враќајќи се наназад удрило во два мопеда „јиајуе“ со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбен осуденик во Идризово

Објавено пред

Вчера во 12:15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа „Идризово“ било пријавено дека во саботата во 1:30 часот осуденикот Д.Ј.(39) од Скопје со употреба на сила од осуденикот К.Ј.(54) од Скопје одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија4 часа

Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено...

Македонија5 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија5 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион5 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет6 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет6 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија7 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион8 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија9 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија9 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија21 час

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија22 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион23 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет23 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет1 ден

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија1 ден

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија1 ден

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ1 ден

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Досие