Црна хроника
Ангажирал луѓе да го испразнат магацинот: газда на обложувалница во Гостивар сакал да го излаже ортакот

Синоќа во 18.50 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Џ.Ф.(28), Ј.И.(26), Е.Е.(23), С.Д.(31) и еден малолетник, сите од Скопје.
Тие биле затекнати при товарање предмети во товарно возило со скопски регистарски ознаки, кои ги земале од магацин, кој го користела спортска обложувалница.
Во врска со настанот, во 23.30 часот во Тетово, од слобода бил лишен и Е.П.(33) од Република Албанија, со регулиран престој во Гостивар, кој, според пријавеното, ги ангажирал лицата да ги земат предметите од магацинот на обложувалницата, без знаење на М.У.(37) од Гостивар, кој му бил партнер во обложувалницата.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје.
Тој се сомничи дека претходно на подрачје на Центар со шише со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.М.(69) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(55) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Младиот маж бил задржан во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Топ
Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син.
Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанка најдена почината во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во дом на подрачје на Шуто Оризари била пронајдена почината К.У.(73) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено за обдукција, објави МВР во дневниот билтен.