Црна хроника
Баба заклучила 11-годишно девојче, ќе ја правела снаа
Баба не пуштала едно 11-годишно девојче да се врати во домот за згружување деца со воспитно-социјални проблеми, ја заклучила дома, велејќи и дека ќе ја прави снаа. Внукот се обидел да има сексуални односи со неа.
Како што соопшти полицијата, во вторникот во полициска станица во Чаир, социјален работник од Јавна установа за загрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, заедно со единаесетгодишна штитеничка во установата, а која претходно била пријавена за исчезната, пријавиле дека на 29.12.2016 година околу 12.30 часот со автобус стигнала во населба Бутел 1 и на автобуска постојка се сретнала со друга штитеничка на установата.
Потоа заедно отишле во населба Шуто Оризари, кај бабата на втората штитеничка. По кажување на првата штитеничка, бабата на втората ѝ рекла дека ќе ѝ биде снаа и дека нема да си оди, по што ја влечела за коса. Веднаш потоа дошол нејзиниот внук со кој ја внеле во друга соба, ја заклучиле вратата и истиот се обидел да има сексуални односи со неа. Таа, прво се спротивставувала, а потоа се согласила и имале сексуални односи.
Бабата на втората штитеничка не ѝ дозволила да излезе од куќата и да си замине. Ден пред Нова година единаесетгодишното девојче успело да побегне и за настанот кажала на нејзиниот чичко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден: сообраќајки во Скопје, Штип и Битола
Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола.
Утрото, во 07:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Неколку часа подоцна, во 12:00 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Енгелсова“ во Штип, патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната С.П., удрило во 89-годишниот Г.С., двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Г.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
Вечерта, во 19:48 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Прилепска“, „15 Мај“ и „Цветан Димов“ во Битола, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(68) од Битола, удрило во 50-годишниот пешак Ж.С. од село Долна Чарлија, општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
(Фото) Уапсен 16-годишник од Тетово: при претрес на неговиот локал пронајдена дрога
Вчера во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со рела прашкаста материја.

Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него ќе биде извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Црна хроника
Претрес во кичевско, пронајдени оружје и муниција: уапсен 66-годишник
Вчера во 16:15 часот во село Горно Душогубица, кичевско, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода бил 66-годишниот Г.С. од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
При претрс во неговиот дом и помошни простории во село Горно Душогубица, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се и одземение ловечки карабин „Маузер“ калибар 7,9мм, ловечка пушка „Застава“ М75 калибар 12мм, пиштол „Застава“ М57 калибар 7,62мм со празна рамка, 23 ловечки патрони, 18 куршуми за пиштол калибар 7,62мм, 10 куршуми за карабин 9мм и други предмети.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
