Црна хроника
Бетонски столб падна и усмрти маж од Чаир
Вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Чаир, додека извршувал градежни работи, врз Ј.И.(54) од Скопје паднал бетонски столб. Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде од страна на лекар констатирана била смрт.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР за трагедијата во Слатино: Сопругот ќе биде дополнително испитуван
Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, кој без знаци на живот ги пронашол нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината внука доенче во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт.
Постапувајќи по пријавата, обезбедено е местото каде екипа од СВР Тетово во соработка со јавен обвинител извршила увид и по наредба на обвинител безживотните тела на починатите се предадени на обдукција, додека нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат пренесени на лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде приведено во Полициска станица за понатамошно постапување“, стои во соопштението на МВР.
Црна хроника
Го нападнале кучиња скитници и го задавиле неговото куче
Вчера во 12.15 часот, А.Ф.(35) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Ленинова“ во Кичево, додека го шетал неговото куче – домашен миленик, бил нападнат од кучиња скитници кои го укасале и задавиле неговото куче.
Црна хроника
Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино, таткото и малолетниот син пренесени во болница
Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка. Докторот бил повикан од мајката на почината К.Ш (36).
– Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид. Сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.
По наредба на обвинителот телата на починатите биле предадени за обдукција.