Црна хроника
Бик го усмртил својот сопственик на сточниот пазар во Гостивар

Жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.
Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С. од гостиварското село Врбен.
Пензионерот се обидел да го наведе животното да се симне од приколката на камионот, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош, но тој им подлегнал на повредите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападната докторка од Брза помош додека извршувала работни обврски

Вчера во 13.15 часот во Полициска станица Бит Пазар, С.И.(28) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, додека ги извршувала своите работни обврски како лекар во Итна медицинска помош, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Скопјанец пукал со пиштол поради сообраќајна расправија па побегнал

Вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол.
Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35), обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец од Албанија, бил фатен на дело

Денеска во 02.50 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(32) од Р.Албанија.
Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од куќа во с.Мала Речица, сопственост на А.Д.(33) од истото село.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.