Контакт

Топ

Битолчанец пријавил дека неговата поранешна сопруга го злоупотребувала нивното дете

Објавено пред

Битолчанец пријавил во полиција дека неговата поранешна сопруга речиси цела година сексуално го злоупотребувала нивното дете.

Според информациите на МВР, вчера 52-годишен битолчанец пријавил дека наводно во текот на 2018 година сè до март годинава, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејствија врз нивниот малолетен син.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија

Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Објавено пред

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на општината Ѓорче Петров.

Од ЈСП информираат дека при инцидентот нема повредени патници и причинета е само материјална штета.

Автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон Центар и бил изгаснат во брзо време, благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада.

Возачот на автобусот изјави дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме забележал и искрење и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада.

Причините за пожарот се  утврдуваат, информираат од ЈСП кои додаваат дека веднаш излегле на терен. Во моментов, на терен врши увид и екипа на МВР.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Иран откри дека има нов ракетен систем – „Бавар-373“

Објавено пред

Иран откри дека го развил својот нов мобилен ракетен систем, сличен на рускиот систем С-300.

Станува збор за систем на ракета со долг досег, што наводно може да погоди цели на одалеченост од 200 километри.

На церемонијата на покажување на системот „Бавар-373“, присуствуваше и иранскиот претседател хасан Рохани.Системот беше претставен на Денот на иранската одбранбена индустрија.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Објавено пред

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за киднапирање, силување и убиство на 19-годишната студентка Мелиса Тротер, и сè до смртта тој тврдеше дека е невин.

„Боже, прости им, не знаат што прават“, биле неговите последни зборови.

Студентката од колеџот Монтгомери, Мелиса Тротер, последен пат била видена жива на 8 декември 1998 година, а нејзиното тело било пронајдено 25 дена подоцна во Националната шума Сем Хјустон.

Сверинген во неколку наврати се обидувал да ја побие пресудата, тврдејќи дека таа е направена врз основа на посредни докази и сомнително форензичко истражување, а самата смртна казна била одложувана пет пати.

Сведоците тврделе дека го виделе Тротер како го напушта кампусот на 8 декември во придружба на Сверинген.

Фактот дека жената на Сверинген открила запалка и кутија цигари во приколката се користела како доказ, иако ниту таа ниту Сверинген не биле пушачи.

Меѓутоа, неговите адвокати посочија на ДНК пронајдена под ноктите на жртвата, која не припаѓала на Сверинген.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Свет48 минути

(Видео) Иран откри дека има нов ракетен систем – „Бавар-373“

Иран откри дека го развил својот нов мобилен ракетен систем, сличен на рускиот систем С-300. https://media.mehrnews.com/d/2019/08/22/0/3214164.mp4 Станува збор за систем...

Свет57 минути

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија2 часа

„Ла верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето,...

Европа2 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија13 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија14 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион14 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија16 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија17 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија17 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија17 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија20 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија20 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ23 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет1 ден

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија1 ден

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион1 ден

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија1 ден

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Досие