Црна хроника
Семејно насилство во Аеродром: Брат ја истепал сестра си

Скопјанка во полиција пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат.
43-годишната жена вчера во 13.00 часот пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот брат Т.Т.(46).
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник е уапсен поради обљуба на дете, случајот го пријавил таткото во полицијата во Бијело Поље

Полицијата уапси 17-годишник поради сомнение дека извршил обљуба врз 13-годишно дете, соопшти Полициската управа на Бијео Поље во Црна Гора.
Како што се наведува во соопштението, службениците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ доцна синоќа околу три часот по полноќ добиле пријава од родител во име на неговото 13-годишно малолетно дете.
– Во врска со оваа пријава, полицијата презеде активности што се во нејзина надлежност и во службените простории приведе 17-годишен малолетник – се наведува во соопштението.
Во присуство на родители и работници на Центарот за социјална работа, прибрани се информации „од сторителот и оштетениот, а за настанот е известен и обвинителот во Вишото државно обвинителство во Бијело Поље, кој изјавил дека дејствијата на малолетникот содржат елементи на кривичното дело обљуба на деца“.
– По наредба на јавен обвинител, малолетникот е лишен од слобода – се наведува во соопштението.
Црна хроника
Возрасен маж се соблекол гол во парк и допирал малолетничка

На 02.06.2023 во 23.40 часот во Ресен од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода С.М.(59) од Ресен, поради тоа што околу 16.40 часот во паркче кај нас.„Пролет“ во Ресен, се соблекол и допирал по телото малолетничка.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР..
Црна хроника
Малолетничка нападнала малолетничка

На 02.06.2023 во 21.20 часот А.К.(45) од Скопје, пријавил дека околу 20.40 часот на подрачјето на Центар, во близина на угостителски објект, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.