Црна хроника
„Веднаш ќе ви дадам клуч од станот ако ми дадете 2.700 евра“ – фатен измамник од Тетово

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против В.А.(36) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
„На 7.6.2020, пријавениот преку апликација на мобилен телефон се слушнал со оштетената, претставувајќи се како претставник на хуманитарно здружение, при што ѝ понудил да земе стан во Скопје. По ова, оштетената заедно со нејзиниот брат отишле во Скопје и се сретнале со пријавениот и со уште едно лице. Притоа, пријавениот ветил дека веднаш ќе им даде клуч од станот доколку му дадат 2.700 евра. Откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетената“, информираа од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени тројца велешани кај кои било запленето оружје

Тројца велешани приведени кај кои било запленето оружје.
На 21.9.2023, во 16 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода П. П. (51) од село Плевење, општина Чашка, и Т. С. (78) од село Теово, општина Чашка, а во 16.50 часот од слобода бил лишен и Н. Ш. (28) од Велес.
По преземените мерки, било дојдено до сознание дека П. П. поседува огнено оружје. Во службен разговор со него, П. П. изјавил дека поседува една пушка „карабин“, која била во домот на Н. Ш., кој доброволно им ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми во различен калибар. А Т. С. на полициските службеници им предал една ловечка пушка во калибар од 16 мм и две воздушни пушки во калибар од 5,5 мм и 4,5 мм.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Социјални работници однеле дете во болница во Гостивар, мајката го оставила само дома

Во куќа на улицата Илинденска во Гостивар вчера било оставено само малолетно дете.
Според пријавеното, го оставила неговата 39-годишна мајка. Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, кои го пријавиле случајот, детето е пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
Се расчистува и документира случајот.
Црна хроника
Млад тетовец си ја истепал мајка си, таа го пријавила во полиција

Вчера (21 септември), околу 19 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 29-годишниот тетовец К. В., кој бил пријавен од својата 51-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.