Контакт

Црна хроника

Велешанец повреден на патот Градско-Прилеп

Објавено пред

Велешанец е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп.

Во сообраќајната несреќа учествувале возило „пежо“ со француски национални ознаки, управувано од А.Б. (25) oд Франција, и „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.И. (41) од с. Бузалково, Велешко.

Во незгодата тешки телесни повреди добил возачот на возилото „фолксваген голф“, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општата болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанец каснат од куче на улицата Натанаил Кучевишки

Објавено пред

Педесет и осумгодишен скопјанец на 14 февруари во Полициската станица Чаир пријавил дека бил нападнат од куче скитник.

Тој на службениците им објаснил дека кучето го каснало во пределот на левата потколеница утрото додека се движел по скопската улица Натанаил Кучевишки.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец пријавил дека го тепале контролори на ЈСП

Објавено пред

Во Полициската станица Бит-пазар во вечерните часови на 14 февруари, 38-годишен скопјанец пријавил дека бил натепан од двајца контролори на ЈСП.

Како што рекол тој, истиот ден на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, во автобус на ЈСП со број 19, двајца контролори физички го нападнале кога им рекол дека нема билет.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетник од Дебарско барал пари од поранешната девојка за да не објави експлицитни фотографии

Објавено пред

Дебарската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишник од село Голем Папрадник поради сомнение дека ја уценувал поранешната девојка, исто така малолетничка, да му даде пари.

Како што информираат од МВР, во текот на декември 2018 година, пријавениот во повеќе наврати ѝ се заканил на девојката со која претходно бил во љубовна врска, дека доколку не му даде одредена сума пари, на социјалните мрежи ќе објави фотографии со експлицитна содржина.

Кривичната пријава за 17-годишникот е за сторено кривично дело уцена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија2 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет4 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија4 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија5 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија6 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија7 часа

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија9 часа

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ9 часа

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија11 час

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија12 часа

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија12 часа

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет13 часа

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет15 часа

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет15 часа

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Македонија1 ден

Тројца од повредените во автобуската несреќа се во животна опасност

Во критична состојба се наоѓаат тројца од осумте хоспитализирани на скопските хируршки клиники, кои настрадаа во автобуската несреќа, што се...

Македонија1 ден

(Видео) Луѓе умираа пред наши очи, целите беа во крв, сведочат жители на Ласкарци

Жителите на село Ласкарци синоќа беспоштедно излегоа да спасат тoа што може да се спаси од автобуската несреќа на автопатот...

Македонија1 ден

Нема алкохол и дрога во крвта на возачот на автобусот

Надлежниот јавен обвинител од скопското Обвинителство заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи информира дека во 13.15 минути...

Македонија1 ден

„Дурмо турс“ последен пат контролиран од Инспекторатот за транспорт пред 3 месеци

Државниот инспекторат за транспорт последна контрола на автобус на компанијата „Дурмо турс“ направил лани во ноември. Инспекторите утврдиле дека има...

Македонија1 ден

Познати имињата на сите 14 загинати во автобуската несреќа, обдукцијата е завршена

Завршена е обдукцијата на сите 14 загинати од вчерашната трагична автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Ова е листата...

Досие