Црна хроника
(Видео) Голема акција на МВР: пронајдени и одземени 225 килограми дрога во вредност од половина милион евра
Денеска (06.07.2023) од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, по претходно спроведена истрага, од правен субјект за производство на канабис за медицински цели во с.Сопот, одземени се 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис.
Имено, по претходно преземени и координирани мерки и активности, како и обезбедени докази дека правното лице постапувало спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги, односно во објектите на правното лице вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот, по претходно обезбедени наредби од Основен суд Кавадарци, како и по претходно извршена контрола на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнување на условите во однос на простор, опрема, кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, одземена е марихуана за која се утврдени неправилности во работењето на правното лице.
„Притоа, во сеф собата беше пронајден сув цвет од канабис кој не беше спакуван и означен согласно законските прописи, а во останатите простории беше пронајдена сува маса од канабис за која правното лице не доставило известување до Комисијата од Министерството за здравство. Воедно, не била пријавена ни количината на финален сув производ, односно во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако биле должни да ја известат Комисијата, тоа свесно не го правеле, со цел непријавената произведена марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист во вкупна вредност од половина милион евра“, велат од Министерство за внатрешни работи.
Одземената дрога е предадена во Агенцијата за одземен имот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници
Денеска во 2.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интрвентна полиција при СВР Скопје го уапсила Л.А.(18) од Скопје затоа што во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со двајца малолетници од с.Јегуновце, тетовско и с.Крушопек, општина Сарај.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.
Црна хроника
Пронајдена рачна бомба на Зелениот пазар во Тафталиџе
Вчера во 19.27 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување на Зелен пазар – Тафталиџе пријавил дека околу 19.20 часот во кругот на пазарот пронашол една рачна бомба.
Увид бил извршен, а екипа од антитероризам безбедно ја подигнале бомбата за понатамошна постапка.
Црна хроника
Кичевец при нелегален транспорт на огревно дрво прегазил шумски полицаец
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Р.(33) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 27.11.2024 на локален пат во кичевското село Осој, тој бил затекнат од патрола на Шумска полиција при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „лада нива“.
Притоа, тој не застанал на даден знак од овластените службеници на шумската полиција и со возилото удрил еден шумски полицаец, по што избегал. По преземени мерки, В.Р. бил пронајден и лишен од слобода.