Контакт

Топ

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

Објавено пред

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции спроведоа акција за сузбивање повеќечлена организирана криминална група.

Како што информираат надлежните, скопската група била со строго утврдена хиерархија и структура и се занимавала со продажба на дрога и оружје.

Во денешната акција извршени биле претреси на вкупно 20 локации, при што приведени се 12 лица од Скопје, меѓу кои и 33-годишен полицаец со иницијали Р. А.

Другите уапсени, меѓу кои има и една жена, се на возраст од 19 до 47 години: Б. А. (22), Б. А. (19), М. А. (47), Б. А. (23), С. Ј. (22), Е. Б. (27), З. М. (33), Љ. А. (30), Ш. А. (35), А. А. (26) и Е. С. (24).

Полицијата соопшти дека се трага по уште три лица што биле дел од групата.

При извршените претреси на повеќе локации се пронајдени дрога, муниција, два пиштола, автомобили, од кои еден блиндиран, поголема сума девизни и денарски парични средства, мобилни телефони и компјутерска опрема.

Надлежниот јавен обвинител, по добиената кривична пријава, ќе донесе наредба за спроведување истрага против лицата и ќе му предложи на судот да одреди притвор за сите осомничени.

Македонија

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира Министерството за здравство (МЗ).

Починатите се од Скопје (82, 83 и 87), по две починати лица од Куманово (75 и 65) и Тетово (69 и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81), Демир Хисар (71), Кичево (70), Штип (69) и Делчево (60). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, велат од МЗ, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште шест лица, кои починале во периодот од 22.8. до 19.9. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56 до 84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, а другите пет лица се починати во домашни услови.

Во последните 24 часа направени се 3.858 теста. Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159, бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Објавено пред

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со 23 септември.

За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето втора доза вакцина.

Во наведениот период позитивни на Ковид-19 биле 32.818 граѓани, од кои 22 % биле целосно вакцинирани, односно 7.248 лица.

Здравствените власти нагласуваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле од коронавирус.

„Според статистиката за изминативе недели, 25.570 или 78 % граѓани од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 80 %, а само 20 % од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Анлизата исто така покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

Во периодот од 6 август до 23 септември во Македонија починале 1.033 лица од Ковид-19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14 % примиле вакцина.

„Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас, како и пациенти што се вакцинирале во странство со вакцини на ‘Модерна’ и ‘Џонсон’“, стои во соопштението.

Министерството за здравство укажува на важноста од вакцинација и апелира граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што велат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Објавено пред

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење на терминот „бугарски“ во формулацијата „бугарски фашистички окупатор“, посочувајќи дека наместо бришење, би требало да се додадат термините „тогашен“ и „власт“, при што секоја формулација на настаните од Втората светска војна поврзани со бугарскиот окупатор би се именувалa како „тогашните бугарски фашистички окупаторски власти“.

Во реакцијата се посочува дека бришењето на терминот за етничка припадност значи искривување на историската вистина.

„Денешна Република Македонија за време на Втората светска војна била поделена на две окупациони зони – Западна Македонија окупирана од Италија и Централна и Источна од Царска Бугарија, во кој дел живееле Евреите, кои биле депортирани од страна на бугарскиот окупатор, а не од италијанскиот окупатор“, се вели во реакцијата на Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од каде додаваат дека за да не дојде до погрешно учење на историјата, потребно е да се прифати предложеното дообјаснување кое ќе ги задоволи сите засегнати страни.

Исто така во реакцијата се посочува дека денешната модерна и демократска Бугарија треба да го апсолвира фактот со своето минато дека била дел од Оската и директно учествувала во холокаустот на Евреите.

Во реакцијата се додава и дека за да ги изземе сегашните генерации и да ги ослободи од товарот на минатото, потребно е Софија јавно да се извини за постапките на Царска Бугарија и за окупацијата и депортацијата на Евреите од денешна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија8 часа

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија10 часа

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа10 часа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа10 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ13 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија13 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија13 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет16 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија16 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет16 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија1 ден

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет1 ден

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа2 дена

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт2 дена

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет2 дена

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Досие