Топ
(Видео) Сто килограми марихуана пронајдени во специјално направен бункер во бугарски камион

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчеравечер уапсиле 48-годишен бугарски државјанин со иницијали А.К.К., поради сомнение дека е сторител на кривично дело неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, во периодот од 20 до 23 часот на граничнот премин Ново Село, на излез од државава, од страна на полициските службеници, во соработка со Царинскатата управа, при преглед на камион „МАН“, со бугарска регистрација, управуван од бугарскиот државјанин, биле пронајдени 102 пакувања марихуана, скриени во специјално направен бункер во горниот дел од кабината на возилото. Во пакувањата вкупно имало околу 100 килограми дрога.
Пронајдената марихуана е предадена на СВР Струмица за понатамошната постапка, а Бугаринот е приведен во полициска станица и во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета само материјална штета.
Досега, како повредени се пријавени три лица кои се превезувале со автомобилите.
„Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата“, информираа од ЈСП.
Од ЈСП велат дека МВР работи на целосно расчистување на случајот.
„Апелираме на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети“, додаваат од ЈСП.
Спорт
Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18), со што втор пат во својата историја ќе учествува на континенталниот шампионат.
Македонските одбојкари убедливо го добија првиот и четвртиот сет, третиот во кој се водеше голема борба и припадна на Македонија, додека Турците го освоија вториот сет.
Најзаслужни за победата на Македонија беа капитенот Ѓорѓиев и Љафтов кои заедно освоија 47 поени (Ѓеорѓиев 24, Љафтов 23). На спротивната страна се истакнаа Субаши со 17, односно Лагумџија со 14 поени.
Европското првенство ќе се одржи во втората половина од годината, а домаќини ќе бидат Полска, Чешка, Естонија и Финска.
Фото/vfmkd.mk
Македонија
Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12, Прилеп-15, Гостивар-16, Штип-8, Битола-4, Велес-16, Охрид-13, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-5, Кочани-9, Кичево-10, Гевгелија-2, Неготино-4, Делчево-6, Дебар-7, Крива Паланка-5, Ресен-9, Радовиш-4, Берово-7, Виница-1, Валандово-2, Македонски Брод-1, Кратово-3, Крушево-2, Пехчево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2116 оздравени пациенти од: Скопје-1489, Куманово-6, Тетово-139, Прилеп-19, Гостивар-58, Штип-8, Битола-80, Велес-45, Охрид-3, Струмица-55, Кавадарци-35, Струга-5, Кочани-15, Кичево-33, Гевгелија-23, Неготино-26, Свети Николе-10, Делчево-16, Дебар-9, Ресен-13, Радовиш-5, Берово-1, Виница-6, Пробиштип-4, Валандово-3, Демир Хисар-9, Крушево-1.
Починати се 14 лица, шест пациенти од Скопје (55, 53, 80, 58, 61, 46г), еден од Куманово (75), двајца од Тетово (60 и 70г), еден од Прилеп (79г), еден од Охрид (55г), двајца пациенти од Струмица (73 и 69г) и еден пациент од Струга (77г). Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461. Oд вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38493, активни 8653
• Куманово 4998, активни 487
• Тетово 4950, активни 576
• Прилеп 4455, активни 300
• Гостивар 3531, активни 402
• Штип 3429, активни 194
• Битола 3166, активни 290
• Велес 2949, активни 363
• Охрид 2646, активни 452
• Струмица 2465, активни 405
• Кавадарци 2380, активни 436
• Струга 2131, активни 195
• Кочани 1696, активни 149
• Кичево 1655, активни 167
• Гевгелија 1244, активни 185 (81 заболени лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 214 на Богданци)
• Неготино 1110, активни 209 (177 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Свети Николе 1061, активни 61
• Делчево 716, активни 220 (188 заболени лица од ПЕ Делчево се жители на Македоснка Каменица)
• Дебар 711, активни 132
• Крива Паланка 702, активни 99
• Ресен 701, активни 121
• Радовиш 673, активни 77
• Берово 564, активни 61
• Виница 475, активни 53
• Пробиштип 472, активни 30
• Валандово 325, активни 30
• Демир Хисар 240, активни 18
• Македонски Брод 237, активни 17
• Кратово 209, активни 17
• Крушево 190, активни 36
• Пехчево 175, активни 26
Направените 2176 теста се преку: ИЈЗ-352, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-274, Биотек-206, МАНУ -106, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -196, лабораторија Лаор –128, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-36, ЈЗУ (рапид тест) -525, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 430.182 тестирања на Ковид -19.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира