Црна хроника
(Видео) 219 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (8.2.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, 8 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење мобилен телефон. Изречени се 12 санкции за возење под дејство на алкохол, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 мерки за непочитување на брзина на движење, пет за некористење сигурносен појас и 73 санкции за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена и нејзините малолетни внуци нападнати од кучиња скитници во Кичево

На 24 февруари А.М. (42) од Кичево во полициска станица пријавил напад од кучиња скитници на кичевската улица Арсо Војвода.
Според пријавата, од кучиња скитници биле каснати неговата мајка и неговите два малолетни сина.
Црна хроника
Тетовец лажел фирми дека нивни вработени имале сообраќајни несреќи

Тетовец лажно се претставувал како бизнисмен од Турција и измислувал приказни за наводни сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово.
Пласирајќи им лажни приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување, тој успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9.000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. и потоа му ги давал на РМ, а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра. Тоа го сторил во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, соошпшти МВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот тетовец Р.М.(44), поради основи на сомнение дека сторил кривично дело измама и против С.Ш.(45) од с.Копаница, Скопско, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање и расчисти 24 измами.
Црна хроника
Прегазен маж на пешачки премин во Дебар Маало

Еден човек е тешко повреден откако автомобил удри во него додека преминувал пешачки премин на улицата Орце Николов, во близина на Министерството за одбрана.
Екипа на брзата помош е на терен со повредениот.
Сè уште нема детали како се случила несреќата и дали возачот на автомобилот бил под дејство на психотропни супстанци.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер