Црна хроника
Возач изгубил контрола и удрил во бандера, повредени две лица
Дваесет и едногодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 11 часот на булеварот Словенија кога А. Н. (28) од Скопје, со возило „рено твинго“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.
Во незгодата возачот добил тешки телесни повреди, а сопатникот Ф. Д. (21) од Скопје телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
