Контакт

Црна хроника

Возач тешко повреден, со ,,мерцедес” удрил во бандера

Објавено пред

Вчера во 21.50 часот на регионален пат Градец-Гостивар, во село Неготино, Б.О.(18) од село Неготино, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бандера. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.О. и бил пренесен во Медицински центар Гостивар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Откриени 50 килограми марихуана во автомобил кај Рача

Објавено пред

Педесет килограми марихуана биле откриени во автомобил во близина на населбата Рача, на патот Охрид – Свети Наум.

Според информациите на СВР Охрид, синоќа во 23.20 часот бил сопрен автомобил, управуван од С. Л. (53) од Струга.

Во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со 50-ина килограми марихуана. С. Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен. Во врска со овој случај приведен е и С. И. (31) од Струга, кој управувал друг автомобил.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Постапка против разбојникот што со пиштол упадна во сендвичарницата „Вили“

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето што на 17 јули изврши разбојништво во сендвичарницата „Вили“ во центарот на Скопје, при што со употреба на сила и закана со пиштол нападнал две работнички во сендвичарницата.

Како што информираат од Обвинителството, осомничениот, по доаѓањето во задниот дел на објектот, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол барајќи да му ги дадат парите од прометот.

Една од вработените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарницата по што осомничениот продолжил да ѝ се заканува на втората оштетена и ѝ ги одзел паричните средства што во тој момент ги имала кај себе.

Кога не успеал да ја отвори вратата на објектот, осомничениот се оддалечил, испукал еден куршум од пиштолотот и се дал во бегство.

На овој начин осомничениот извршил кривично дело разбојништво за кое надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка.

До Основниот кривичен суд доставен е предлог за определување мерка притвор ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Над 40 мигранти пронајдени во камион со кој управувал скопјанец

Објавено пред

Вчера, кај базата на „Македонијапат“ – Гевгелија, полициски службеници дале знак за запирање товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж. В. (26) од Скопје.

Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж. В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш.

Ж. В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Фото: Илустрација)

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Србија, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија2 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија3 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија3 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија3 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија6 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија7 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија7 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија9 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет9 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт10 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија20 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет21 час

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет23 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ1 ден

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие