Црна хроника
Возел со 241 километри на час, 96 казни за брзо возење во Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово од 22.00 часот на 11.06.2022 од 02.00 часот на 12.06.2022 спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата со т.н. ноќен радар, во која вкупно се изречени 96 мерки (ТЕ-66 и ГВ-30), соопшти МВР.
Од нив 41 мерка (ТЕ-23 и ГВ-18) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозоленото.
Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-43, ГВ-12) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).
СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола

Три лица се приведени денеска во Битола, откако кај нив била најдена дрога.
Според информациите од МВР, на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привела Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.
Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го нападнала колегата во компанија во Петровец

Полицијата информира дека завчера попладне колешка нападнала колега во фирма во скопски Петровец.
„На 22.6.2022, околу 12.20 часот, во Полициското одделение Петровец, Б. Н. (36) од Кочани пријавил дека на своето работно место во фирма во с. Петровец, Скопско, бил физички нападнат од својата колешка К. А .М.“, се вели во извештајот на МВР.
Од таму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жител на Дебарца крадел гориво од работна машина на автопатот Кичево – Охрид

Утрово, во 00.30 часот, во СВР Охрид приведен е Н. С. (59) од селото Требеништа, општина Дебарца, соопшти полицијата.
Тој претходно бил затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево – Охрид, а му биле пронајдени две пластични туби со 50-ина литри гориво.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.