Топ
Возило излета од патот во Македонска Каменица: тешко повреден возачот

Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по некатегоризиран пат, патничко возило „тико“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Т.С.(53) од с.Саса, излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничките Е.С.(49) и Ј.С.(47) од с.Моштица, констатирани во Клиничка болница Штип.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса, ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. Се поставува прашањето дали ВМРО ДПМНЕ сака тоа да го направи, ставањето на партиска капка на судството, за да заштити некои свои неправилности и криминали во работењето, а ние секој ден откриваме и ќе откриваме во следниот период се повеќе и повќе и скандали“, рече Филипче.
Тој нагласи дека е недозволиво и недемократски да се користи гневот на граѓаните за, како што рече, да се присвои судството како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ.
„Ние сме го виделе ова сценарио, сите знаеме како завршува и како функционира судството кога ВМРО ДПМНЕ ќе го стави под свое. Вистинските промени можат да се случат само доколку се случат вистински реформи, а не со притисоци и закани“, рече Филипче.
Македонија
(Фото) Андоновски и Јорданов го означија почетокот со работа на новиот Центар за услуги во Штип

Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот Центар за услуги наменет за грѓаните на Штип и околината.
„Претставува исклучителна важност за нас како Министерство за дигитална трансформација што од одличната соработка со општина Штип, произлезе овој нов проект, нов Центар за услуги кој истоврмено е и меѓу првите во Македонија што го правиме во соработка со општините“, истакна Андоновски.
Министерот додаде дека вработените во министерството кои се од територија на градот Штип, од денеска се ставени во функција на граѓаните со цел поголема достапност на граѓаните до поголем број на административни услуги.
„Луѓето кои што се вработени во Министерството за дигитална трансформација одговорни за Штип ќе им издаваат административни услуги на граѓаните, токму тука, ова е еден вид собирање на сите услуги кои што се достапни на порталот да бидат достапни на граѓаните на едно место“.
Тој додаде дека интензивно се работи на нови услуги на националниот портал и наскоро очекува да се приклучат и останатите институции со цел граѓаните да имаат поголема корист и да заштедат на време.
„Мислам дека граѓаните ќе го препознаат ефектот на доближување на услугите до нивното место на живеење, и оние кои не се подготвени за онлајн аплицирање, тоа можат да го сторат со помош на вработените во овој Центар за услуги“, заклучи министерот Андоновски.
Андоновски го изрази и своето задоволство од соработката со општина Штип, и најави нови заеднички проекти помеѓу Министерството за дигитална трансформација и општина Штип.
Свет
(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград и Воронеж.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 64 беспилотни летала над регионот Волгоград и соседната област Воронеж , додека останатите биле насочени кон пограничните региони.
Here's another video from Volgograd which tends to suggest there may have been some damage!
It's also speculated by a few channels that Russia's air defence may have been the cause rather than any of the drones. pic.twitter.com/rwXH3vMyPT
— Tim White (@TWMCLtd) March 15, 2025
Рускиот претседател пред два дена рече дека неговата земја е „за“ прекин на огнот, но наведе „важни прашања што треба да се решат“, откако САД и Украина подготвија 30-дневен план за прекин на огнот за време на неодамнешните разговори во Саудиска Арабија.
UAV Ucrain cấp tập tấn công nhà máy lọc dầu Volgograd, Nga trong đêm rạng ngày 15/3. Có đến 10 tiếng nổ lớn được nghe thấy; clip quay cảnh nhà máy bùng cháy dữ dội. https://t.co/tgQR44RQZX
— linh le (@linhle37314440) March 15, 2025