Црна хроника
Возило удрило во велосипедист
Синоќа во 20.50 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Плешенци, во с.Плешенци, патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(57) од с.Долни Стубол, пробиштипско, удрило во велосипед, управуван од Т.В.(38) од с.Плешенци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка
Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници го уапсија 86-годишниот Д.Т. од Скопје.
Претходно во полиција било пријадено дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
12-годишно девојче под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник
12-годишно девојче од Скопје под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка.
Според информациите на МВР, вчера 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март годинава до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетници нападнале ученик пред училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон
Малолетници нападнале ученик пред основно училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон, а видеото го објавиле на социјалните мрежи.
Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(43) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 12.05.2026 околу 09:30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Студеничани, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал и кои го снимиле настанот со мобилен телефон, а потоа го објавиле на социјална мрежа.
За настанот е известен јавен обвинител и инспектор за малолетници. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
