Црна хроника
Возило удрило во малолетен пешак во Куманово и побегнало

Вчера во 15:10 часот во Куманово на ул.„Сава Ковачевиќ“ патничко моторно возило удрило во малолетен пешак од Куманово, по што возилото го напуштило местото на несреќата, информира полицијата.
Пешакот бил пренесен во Општа болница-Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Скопје

Тешко повреден мотоциклист од Скопје по судир со автомобил на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Њу Делхиска“.
Сообраќајната незгода се случила вчера утрото меѓу „бмв х3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(38) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(28) од Скопје.
Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот Б.Н. констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Топ
Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.
Според информациите од МВР, вчера, пред наплатната станица „Сопот“, автомобил „рено клио“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Д. В. (38) од Неготино, излетало од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општата болница во Велес, каде што од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.
Исто така, тешки телесни повреди добила и сопатничката В. В. (28) од Неготино, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.
Црна хроника
Двајца битолчани нападнале полицајци на кошаркарски натпревар

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а другиот сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“ физички нападнале тројца полициски службеници, кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување на спортски натпревар.
Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје, кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат.
Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел, при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.
За првоосомничениот до судијата на претходна постапка надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што тој и претходно се јавувал како сторител на кривични дела, па би можел да го повтори делото или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.