Црна хроника
Возило ѝ попречило пат на тетовчанка па удрила во паркирани возила

Вчера попладнето околу 17,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од Тетово излетало од коловозот и удрило во паркирани возила на авто плац.
Според пријавеното од С.И., таа изгубила контрола над возилото откако друго возило, кое напуштило лице место, и го попречило движењето.
По несреќата С.И. и нејзините сопатници А.А.(81) и М.А.(80), двајцата од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „8 ми Септември“ каде од лекар на А.А. му се констатирани тешки телесни повреди, а на С.И. и М.А. им се констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се степаа двајца војници од Кондово и од Матка

Вчера во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед во возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и бил пренесен во Општата болница во Охрид.
Црна хроника
Вработен во СВР Битола заработи кривична, агресивно се однесувал во ноќен клуб

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола – вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.
Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка.