Контакт

Топ

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Објавено пред

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.

Како што информираат од МВР, незгодата се случила во вечерните часови на 19 септември, а 23-годишникот починал на самото место.

Со него бил уште еден Пакистанец на возраст од 30 години, кој ѝ бил предаден на полицијата и префрлен во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заменик министерот за здравство, Асим Муса поднесе оставка

Објавено пред

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес конференција соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следи по објавата на видео снимка, на која се гледа како тој зема пари на рака од пациент од Албанија.

Тој вели дека наседнал на стапица, дека се работело за пари, кои секој странски пациент треба да ги плати за интервенција.

„Секој граѓанин од Република Албанија кому сум му служел, јасно знае дека ова е стапица, намерна со цел да ѝ наштети на мојата лична, професионална и фамилијарна фигура. Нема да дозволам цели овие 23 години инвестиција во мојот професионален и фамилијарен кредибилитет да биде нарушена на ваква намерна стапица, бомбастички со лажни наслови кои не се реални, како може да се види во снимката“ порача Муса.

Тој нагласи дека и натаму ќе продолжи да им служи на граѓаните од земјата и пошироко.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судење ,,ТНТ“: Вештак тврди дека и со Нокиа 3310 може да се прислушува

Објавено пред

Во кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ,,ТНТ” на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев предложен од обвинетите. Вештакот кој е професор на меѓународниот славјански универзитет ,,Гаврило Романович Державин” го испрашуваше обвинетиот Миле Јанакиески, особено за смс пораките во СЈО кои заедно со прислушуваните разговори се дел од доказите во случајот.

Симев на прашањето на Јанакиески на кој начин може да се следат комуникациите, одговори дека тоа може да биде законски и незаконски. Незаконското следење на комуникациите, според него, можело да се направи на пет начини, а еден од нив бил преку мобилниот телефон марка Нокиа 3310.

,,Тој телефон се поврзува со компјутер и може да се следат комуникациите за кој било број”, рече Симев.

Петтиот начин на прислушување вештакот го дознал во септември кој бил објавен во извештај во светски рамки.

Јанакиески го претстави вештакот Симев пред судот како експерт за следење смс комуникација и го прашуваше конкретни прашања за GSM, и енкрипција на комуникацијата.

Меѓу седумтемина обвинети за овој предмет кој е во фаза на доказна постапка се поранешниот премиер, Никола Груевски, ексминистерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески и ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Обвинетите во 2011 сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Со постапката на уривање на објектот била предизвикана штета од 16 милиони евра, а на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Објавено пред

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник „Die Presse“, вели дека во изминатата година и пол земјата испорачала се што требаше.

По негативното произнесување на Франција, на прашањето дали ќе добиеме сигнал од ЕУ за отворање на претпристапни преговори, Пендаровски вели: „Не се надеваме на сигнал, туку очекуваме одлука. Во изминатите година и пол испорачавме сè што требаше. Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекувамени повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени.

Блокадата на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија беше дека двете земји треба да направат повеќе во борбата против корупцијата и криминалот.

„Ние го основавме Специјалното јавно обвинителство, кое покрена обвиненија против поранешниот премиер Никола Груевски, кој во меѓувреме побегна во Унгарија, како и против други важни личности. Ние ја ставивме борбата против корупцијата како наш приоритет. Еден од клучните аргументи на Франција беше дека тие сакаат продлабочување на Унијата пред проширување. Но, двата процеси може да течат паралелно. Ние нема веднаш да станеме полноправна членка на ЕУ“ оценува претседателот.

А на прашањето дали е разочаран, Пендаровски вели дека особено имало разочарување во јуни, кога ЕУ уште еднаш се извини и порача дека се уште не се подготвени.

„Моите главни теми во кампањата за претседателските избори беа зачленување во ЕУ и во НАТО како главни стратешки цели. Ние очекуваме да станеме членка на НАТО во идните месеци. Но, доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет. Ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително. Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување?“ истакна Пендаровски.

Тој вели дека македонските власти се согласни претпристапните преговори да почнат во пакет заедно со Албанија.

„Еден од принциипите на ЕУ зависи од напредокот – ако државата испорача тоа што треба тогаш вие сте внатре. Во исто време, голем дел од нашиот регион е поврзан – почнувајќи од безбедносни па сè до политички и економски прашања. Северна Македонија граничи со Србија и со Косово – двеземји чиј конфликт продолжува да има влијание на целиот регион. Се разбира, што се однесува на регионалниот аспект, јас би сакал Албанија исто така да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Регионот не може да просперира доколку сите земји немаат цел пред себе. Сите треба да се дел од процесот на евроинтеграции. Босна и Херцеговина исто така, која, за жал, долго време беше запоставена од Брисел“ вели Пендаровкси.

Рече дека не сака да коментира индивидуални изјави на политичари во врска со настаните во Сирија, по заканата на турскиот претседател дека ќе ги отвори границите за 3,6 милиони бегалци доколку ЕУ ги критикува неговите воени дејствија во северна Сирија.

Според него секогаш има можност бегалци да сакаат од Грција да тргнат по рутата преку Македонија со цел да стигнат во северните земји-членки на ЕУ. Досега, како што рече, не е забележано значително зголемување на бројот на луѓе. Во секој случај, вели Пендаровски, ситуацијата не може ни да се спореди со онаа во 2015 и 2016 година, кога еден милион луѓе поминаа низ нашата територија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Заменик министерот за здравство, Асим Муса поднесе оставка

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес конференција соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување...

Македонија2 часа

Судење ,,ТНТ“: Вештак тврди дека и со Нокиа 3310 може да се прислушува

Во кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ,,ТНТ” на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев предложен од обвинетите. Вештакот...

Македонија2 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник „Die...

Дијаспора3 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија3 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа4 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион4 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија4 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт15 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија17 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија19 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија19 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ20 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија20 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија20 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија22 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет1 ден

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ1 ден

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ1 ден

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Досие