Контакт

Топ

Во еден ден пронајдена марихуана кај четворица малолетници во Скопје

Објавено пред

На 9 септември, во два одделни случаи, полицијата пронашла марихуана кај четворица скопски малолетници.

Како што информираат од МВР, во првиот случај, на улицата Веле Марков во скопската населба Хром, полицајци пронашле марихуана кај Т.Д. (19) и 16-годишна малолетничка.

Вториот случај бил во Градскиот парк, каде ваква дрога била пронајдена при претрес на тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години.

Полицијата работи на расчистување на случаите.

Спорт

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Објавено пред

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во фудбал, женската репрезентација на САД.

Џил Елис си замина по освојувањето на титулата во Франција ова лето, и 42-годишниот Андоновски, кој ги предводеше Канзас сити до две лигашки титули во 2014 и 2015 пред тимот да престане да функционира и да се пресели во Рејн ФЦ, вели дека постои интерес за таа работа.

„Дали има некој кој не би бил заинтересиран да биде тренер на најдобрата репрезентација на светот? Пресреќен сум што сум еден од кандидатите за тоа место, но засега сум фокусиран на Рејн и на плеј-офот“, вели Андоновски.

Андоновски кој играше во Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар како фудбалер, од 2000 живее во САД каде што играше за Вичита вингс и Канзас Сити кометс, пред да почне да работи како помошник во женскиот тим на Канзас сити.

Во Рејн, тој е тренер на ѕвездата на американскиот фудбал, Меган Рапино, која вели дека тој е вистински човек за оваа позиција.

„Најдобрата работа за него е тактичката флексибилност и разбирањето на фудбалот. Не се обидува да игра само еден стил и да е тврдоглав. Сака да победува и знае да постави тактика“, вели Рапино.

Прикажи повеќе...

Македонија

Продолжен притворот на Катица Јанева

Објавено пред

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е во притвор од 21 август. Со денешната одлука, таа останува во затворот во Шуто Оризари уште нови 30 дена.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, од Основниот кривичен суд соопштија дека истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Минатата недела судот им го продолжи притворот за уште 30 дена и на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои, исто така, се осомничени во случајот „Рекет“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Објавено пред

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во Куманово.

Според информациите на МВР, С.З.(51) од Куманово набавил фалсификувана диплома од универзитет во Приштина со која се стекнал со квалификација „професор по математика“. Дипломата ја употребил во општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.

До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од буџетот на РС Македонија, во износ од платите што му биле исплаќани од 1.12.2011 до 5.05.2017.

Против него е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија7 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија8 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија10 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија11 час

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија12 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ13 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет14 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет15 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет15 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет1 ден

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт1 ден

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион1 ден

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија1 ден

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија1 ден

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Досие