Црна хроника
Во Карпош уапсени тројца Косовци и арачиновец осомничени за тешка кражба

Во вечерните часови на 10 февруари полицајци од полициската станица Карпош ги уапсиле тројцата Косовци Е.Џ. (47), Х.С. (49) и А.Ј. (43), како и 51-годишниот Р.С, жител на скопско Арачиново, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Тие биле приведени во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква.
До несреќата дошло кога излетал од патот автомобилот во кој се превезувала таа, заедно со уште една девојка, а го управувал И.А(38) од селото Облешево, Кочанско.
Другата сопатничка, која има 28 години се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Куќен притвор за 16-годишникот што му ја повреди главата и му го нагмечи мозокот на хирургот Ѓорѓи Јота

Судија определи куќен притвор и одземање на пасошот за 16-годишникот кој управувајќи возило без возачка дозвола, го прегази хирургот Ѓорѓи Јота, кој се здоби со тешка повреда на главата.
„Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“ не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин“, информираат од Обвинителството.
Од ударот, хирургот Јота се здоби со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба.
Детето веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.
Црна хроника
Тетин се обидел да ги силува внуките

Тетин се обидел да изврши обљуба врз своите внуки, соопшти полицијата.
Случајот во МВР го пријавила мајката на девојчињата.
„На 26.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека Б.Н., тетин, се обидел да изврши обљуба врз нејзините две ќерки“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран