Црна хроника
Во неколку тепачки повредени малолетник и возрасен маж
Во петокот се случиле неколку тепачки, а во едната неколку малолетници натепале свој соученик, во другата се степале двајца соселани, а во третата, еден маж е грабнат од пред пицерија и однесен со возило.
Како што соопшти полицијата, во петокот, околу 17 часот во Скопје, на булевар „Трета Македонска Бригада“, во близина на СУГС „Марија Кири Склодовска“, шеснаесетгодишник од село Арнакија, ученик во училиштето, физички бил нападнат од шест малолетници од село Студеничани, еден од село Инџиково и еден од село Морани, сите ученици во истото училиште. Тие со тупаници го удирале шеснаесетгодишникот во пределот на главата и телото, при што му нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Истиот ден околу 20 часот, во непосредна близина на првиот мост во село Батинци, скопско, А.Б. (47) од село Батинци физички го нападнал Р.М. (40) од истото село, удирајќи го со тврди предмети во пределот на главата и телото, при што му нанел тешки телесни повреди. Р.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била укажана лекарска помош и е задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. А.Б. е приведен и задржан во ПС Драчево за целосно расчистување на случајот.
Околу 20 часот во ЕИК Скопје, М.К. (29) од Скопје пријавил дека на паркинг простор пред пицерија во населба Автокоманда бил пресретнат од две лица, кои по негово кажување, го нападнале, го внеле во ПМВ „Поло“ со скопски регистарски ознаки, го возеле до ул. „Беласица“, каде го оставиле и заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Затвореник од Идризово нападнал чувар
Вчера во просториите на судско одделение во болниц а во Карпош, вработен во затворот Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
МВР: Вработена во казино префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, па играла иако не и било дозволено
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување.
„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.