Црна хроника
Во Петровец лице со воздушна пушка застрелал куче
Во текот на вчерашниот ден во 17.50 часот во Полициското одделение Петровец, З.А.(38) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека околу 17.40 часот во близина на неговиот двор на подрачје на Петровец едно лице со воздушна пушка го застрелало неговото куче.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а полициски службеници излегле на местото на настанот.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
