Црна хроника
Во престрелка со полицијата во Гајре загина бегалец баран со потерница, пукал додека се обидувале да го уапсат
Осомничен во истрага за убиство вчера почина откако пукал во полицајците кои сакале да го приведат. Тие возвратиле и го раниле, по што починал на пат кон болница. Пукањето се случило во Гајре, село во општина Тетово во бркотница во која полицијата се обидела да го приведе осомничениот кој се барал со потерница, но тој наместо да се предаде, пукал кон службените лица.
Овој настан е поврзан со убиството на 5-ти јули во Тетово, кога 40-годишен маж беше убиен во пукање на улицата „Штипска“.
Полицијата го барала сега починатиот бидејќи бил главен осомничен за ова убиство, кое е дел од конфликт меѓу две криминални групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три малолетни момчиња нападнале 60-годишен велешанец на автобуска во Гази Баба
„Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје, Н.М.(59) од Велес пријавил дека околу 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од тројца малолетници“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјани ги нападнале сопругата, мајката, бабата, беровец татка си – нови случаи на семејно насилство
Полицијата обелодени нови случаи на семејно насилство што се случиле во изминатото деноноќие, од кои два на територијата на Скопје и еден во Берово.
„Денеска (11.12.2024) во СВР Скопје, 44-годишна жена пријавила дека на 10.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Ќ., кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје, затоа тоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и баба. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Г.(39) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.11.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел телесна повреда“, се наведува во информацијата од МВР.
Црна хроника
На Бит Пазар приведено дете со нож
Синоќа на подрачјето на Бит Пазар, полицијата привела малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.