Контакт

Црна хроника

Во Прилеп се судриле мопед и автомобил управувани од малолетници, девојче е тешко повредено

Објавено пред

Синоќа, околу еден часот по полноќ, на крстосницата од прилепските улици Тризла, 11 Октомври и Миноски Горан се случила сообраќајна незгода, во која тешко повредена е малолетничка од овој град.

Како што информираат од МВР, судирот се случил меѓу мопед „хамачи“, управуван од малолетник и автомобил „мерцедес“, управуван исто така од малолетник, двајцата од Прилеп.

Во незгодата со тешки повреди се здобила малолетната сопатничка на мопедот, а со повреди се здобил и возачот на мопедот, кои им биле констатирани во општата прилепска болница.

На местото на незгодата бил извршен увид од екипа од прилепската полициска станица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривична за гостиварец, почнал да гради на државно земјиште во Маврово

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Гостивар за бесправно градење во Маврово.

Според информациите на МВР, поднесена е пријава против И.Д.(51) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.

Во мај 2021 година тој узурпирал државно земјиште во општина Маврово и Ростуше и поставил бетонски греди и столбови без одобрение за градба издаден од надлежен орган, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил државниот буџет.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен крадец од Штип при извршување тешка кражба

Објавено пред

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера го лишиле од слобода М. А. (33) од Штип бидејќи околу 10.30 часот бил затекнат при вршење кривично дело тешка кражба во обид.

Тој, како што нагласуваат од полицијата, со употреба на сила и погоден предмет насилно отворил влезна врата на подрум во зграда на улицата Генерал Михајло Апостолски во Штип.

М. А. бил приведен и по комплетно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Насади со канабис пронајдени во тетовско Јанчиште

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Тетово на 3 август при службени активности на местото наречено Бресчиња, во атарот на тетовското село Јанчиште, во нива пронашле насади од канабис.

Извршен бил увид, а насадите билe подигнати за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија2 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија3 часа

Нов извештај за активните пожари во земјата – најкритично кај Делчево, Пехчево и во Прилепско

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на својата фејсбук-страница информираа за состојбата со активните пожари во државата, заклучно со...

Македонија4 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија6 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ6 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ7 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа8 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија8 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија9 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија21 час

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија23 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија23 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ1 ден

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Досие