Црна хроника
Во Скопје за еден ден казнети 244 несовесни возачи

Полицијата во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените сообраќајни контроли на територијата на Град Скопје, информираат од МВР.
Притоа, изречени се вкупно 244 мерки, од кои 24 за управување со брзина поголема од дозволената, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 17 за користење мобилен телефон и 6 мерки за поминување на црвено.
Од МВР додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава за фрлање на градежен шут во Охридското езеро

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во рамките на инспекциска постапка утврдил дека на потегот меѓу Хотел Далјан и Домот за стари лица во изградба, на површина од 964 квадратни метри, на брегот од Охридското езеро и во самото езеро, фрлен е градежен шут и насипана е земја од ископ на темели од непозната локација.
Во координација со Министерството за внатрешни работи, пронајден е сопственикот на земјиштето и против него е покрената кривична пријава.
Со цел санирање на крајбрежјето, Инспекторатот поднел и Информација за влијанието на нелегалното насипување на земја и шут на брегот на езерото во населба Далјан и за итно враќање на крајбрежјето во првобитна состојба.
„Имајќи го предвид мислењето на Хидробиолошки завод од Охрид дека нелегалното насипување на земја и шут на брегот од езерот во населба Далјан има негативно влијание врз Охридското Езеро, особено врз квалитетот на водата и седиментот, врз живиот свет во езерото, неговиот биодиверзитет, оплитувањето и други негативни последици на овој значаен акватичен екосистем, очекуваме Владата да ги задолжи Министерството за транспорт и врски и Општина Охрид да го отстранат насипот и да го санираат крајбрежјето“, соопшти ДИЖС.
До надлежното Јавно обвинителство Охрид, како што посочија, е доставена кривичната пријава за понатамошно постапување по случајот.
Црна хроника
Скопјанец обвинет за кражба на паричник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за кривично дело – Кражба.
Обвинетиот вчера на автобуска станица на булеварот „Крсте Мисирков“ одзел паричник од ташната на една оштетена. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна вредност од 8.870 денари.
Бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот кој и претходно е осудуван за истородни кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за определување мерка притвор, со цел да се обезбеди непречено одвивање на кривичната постапка против обвинетото лице.
Црна хроника
Притвор за жител на Брвеница во чиј дом била пронајдена дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Во домот на осомничениот 47-годишник во Брвеница, на 2 март, полицијата пронашла наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 778 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот. Освен ова, полициските службеници пронашле и 29 куршуми со различен калибар.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер