Црна хроника
Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни
Санкционирани се 132 возачи изминатото деноноќие на територијата на СВР Скопје, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, по осум за некористење сигурносен појас и за користење мобилен телефон при возење, по три за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Миистерството за внатрешни работи најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

