Црна хроника
Во сообраќајка кај Соборниот храм тешко повреден возач на електричен тротинет

Во попладневните часови на 21 септември на скопскиот булевар Св. Климент Охридски, кај сервисната улица која води кон паркингот од Соборниот храм, се случила сообраќајна незгода во која тешко бил повреден 36-годишен скопјанец, кој управувал електричен тротинет.
Тој се судрил со автомобил „мазда 3“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 47-годишник од Скопје.
По незгодата, 36-годишниот Е.С. бил итно пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалила приколка од камион на клучката кај Арачиново

На 30.6.2022 во 9:40 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на обиколница Скопје, во близина на клучка Арачиново кон клучка Стајковци, настанал пожар во приколка на товарно возило во движење „мерцедес“, со неготински регистарски ознаки, управувано од А.К.(31) од с. Студеничани, Скопско, информираат од МВР.
Оттаму велат дека пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Бил извршен увид.
Црна хроника
Ја натепал сопругата во двор од куќа

Полицијата денеска информира дека рано утринава, во 1:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, жена од Скопје пријавила дека на 30.6.2022 околу 23.:00 часот во двор од куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, поради нарушени односи, била физички нападната од нејзиниот сопруг П.Т.
Полицијара презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
(Видео) Приведени се три лица за изнуда, меѓу нив и полицаец

МВР информира дека на 30.6.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал уапсени се С.Д.(61), Н.К.(37) и М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело изнуда по чл.258 од Кривичниот законик.
Според извештајот на полицијата, С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со закани му наплатил околу 440.000 евра.
Во периодот од 2019 до 30.6.2022 година, С.Д., заедно со Н.К., во име на М.Р., полициски службеник, со закани по живот, му изнудиле дополнителни парични средства во износ од 560.000 евра со рок на исплата до 30.6.2022 година. Притоа, со оглед на сумата, оштетениот се договорил со изнудувачите неделно да им предава од 5.000 до 10.000 евра, сè до конечната исплата на 560.000 евра.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, а во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода.
Тие се задржани во полициска станица, а денеска против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка и изведени се пред надлежен Јавен обвинител.