Црна хроника
Во сообраќајна несреќа тешко повреден 60-годишен кумановец

Тешко повреден 60-годишен маж од Куманово во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од улицата Доне Божинов и булеварот Октомвриска револуција во Куманово.
Несреќата се случила помеѓу „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н. Ш. (60) од с. Опае, Липковско, и мопед „јамаха џог“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од З. Г. (60) од Куманово.
Во несреќата З. Г. добил тешки телесни повреди констатирани на Ургентниот центар во Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден малолетник, кој паднал од тераса на трговски центар во Штип

Во СВР Штип вчера било пријавено дека околу 21.45 часот малолетник паднал од терасата на Градскиот трговски центар, при што добил тешки повреди.
Детето било пренесено во Клиничката болница во Штип.
Од МВР информираат дека за настанот е запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Автомобил удрил во 57-годишен скопјанец и побегнал од местото на несреќата

57-годишен скопјанец бил тешко повреден откако во него удрил автомобил кој побегнал од местото на несреќата, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица Орце Николов, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Бил извршен увид, информираа од МВР.
Црна хроника
Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с. Трубарево, Скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.