Црна хроника
Во сообраќајна несреќа тешко повредена 40-годишна тетовка

На локалниот пат Тетово – Фалише, вчера, околу 15.40 часот, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко моторно возило „фиат пунто“, со тетовски ознаки, управувано од 40-годишната М. Ј. од Тетово, патничко возило „форд фокус“, исто така со тетовски ознаки, што го управувал 60-годишниот Џ. А од тетовски Порој, и трактор, со тетовски ознаки, управуван од 70-годишниот тетовец С. А., извести СВР Тетово.
„Во несреќата М. Ј. добила тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што била пренесена за укажување лекарска помош“, соопшти СВР Тетово.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
13 мигранти од Сирија затекнати близу Табановце

Тринаесет илегални мигранти од Сирија синоќа околу 20:15 часот биле затекнати во близина на село Табановце.
МВР соопшти дека на 9 декември околу 20:15 часот на автопатот „Пријателство“, на патниот правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“, во близина на село Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот биле затекнати 13 илегални мигранти од Сирија. Тие претходно биле истоварени од три патнички возила, по што возачите заедно со возилата го напуштиле местото.
Известен е Јавен обвинител, а лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Драма во Гостивар: го удрил со возилото, а потоа физички го нападнал и му ја прегазил ногата

МВР соопшти дека вчера (9.12.2023) во 13 часот, 44 годишниот гостиварец Т.М. пријавил дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, едно лице со патничко возило „голф караван“ со гостиварски регистарски ознаки, најпрвин удрило во неговото возило, а потоа физички го нападнало и му ја прегазило ногата.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Полицијата разби лихварска група: пет години изнудувала пари од граѓани на кои им требала позајмица – трпеле закани и кога ќе гo врателе долгот

Група од четворица кумановци и еден штипјанец со години се занимавала со лихварство, изнуда на парите што незаконски ги позајмувале и закани кон оштетените дури и кога ќе ги врателе парите.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(34) од Куманово, М.К.(24) од Куманово, Д.Н.(34) од Штип, Д.Т.(27) од Куманово, С.М.(51) од Куманово и С.Ѓ. од Куманово, поради постоење на основи на сомнение дека првопријавениот ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „изнуда“ и „незаконито влијание врз сведоци“, второпријавениот за кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“ в.в чл.24, додека трето, четврто, петто и шестопријавениот за кривично дело „лихварство“ в.в „помагање“.
Главниот од групата, триесет и четиригодишниот кумановец создал и организирал група за да заработи пари искористувајќи ја тешката имотна и финансиска состојба на граѓани кои барале позајмица од него.
-Во периодот од 2018 до 2023 година, првопријавениот незаконски давал позајмици на оштетени лица, преку префрлање на одредена сума на парични средства на оштетените или останатите пријавени ги префрлале паричните средства по насоки на првопријавениот, а потоа со присилба и изнуда барале од оштетените веднаш да ги подигнат паричните средства и половина од вредноста да ги дадат на пријавените, за потоа со несразмерна камата да ја враќаат позајмицата.
Откако оштетените не можеле да го вратат долгот, пријавените со присилба и закани барале да склучат купопродажни договори на нотар со оштетените за разни движни и недвижни ствари, како гаранции за заемите. Дури и во случаи кога оштетените лица го вратиле долгот, првопријавениот и останатите продолжувале со заканите, барајќи оштетените да го враќаат долгот со несразмерна камата и присилно, преку склучени договори на нотар, им биле префрлани движни и недвижни ствари како подарок, соопшти полиција.