Топ
Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж
Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Ф. Л. од село Град, Делчевско, и патничко возило „шкода“, со делчевски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Н. Д. од Делчево, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил Ф. Л., кој починал на пат кон болницата. Лекар од итнагта медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР.
Возачот Н. Д. добил телесни повреди, а увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
