Црна хроника
Во Центар за еден ден казнети 113 несовесни возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11) спороведе сообраќајни контроли на територијата на општина Центар.
При тоа изречени се вкупно 113 мерки од кои 17 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила и други останати прекршоци.
Од МВР порачуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривични за сопственици на локали во Тетово и Велес каде што не се почитувале мерките против вирусот

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објект, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што информираат од МВР, на 15. февруари годинава околу 21.35 часот, полицијата во Тетово извршила контрола во локалот и констатирале дека Н.М. постапил спротивно на одлуката на Владата и по дозволеното работно време во објектот имало гости.
За истото кривично дело поднесена е пријава и против Н.З.(64) од Велес, сопственик и управител на локал.
На 24 декември минатата година полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитуваат владините одлуки, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.
Црна хроника
Куќен притвор за дилер на ЛСД од Кисела Вода

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 23-годишник од Скопје за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од Обвинителството, при претресот во домот на осомничениот, на улицата Саса во општина Кисела Вода, полицијата пронашла 70 картончиња диетиламит на лизергинска киселина (ЛСД), како и 0,34 грама семки од канабис.
На 23-годишникот судот му определил куќен притвор и му наложил повремено да се пријавува кај службено лице, а исто така привремено му е одземена патната исправа, односно изречена е забрана за издавање нова.
Црна хроника
Приведен тетовец, кај него бил пронајден хероин

Денеска, во 11 часот, во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Ј. С. (50) од Тетово.
Kај него, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при прегледот бил пронајден хероин.
Педесетгодишниот тетовец бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер