Црна хроника
Во Штип уапсен малолетник, сторител на 19 тешки кражби

Штипската полиција, во содејство со Центарот за социјални работи Штип, на 10 февруари успеала да го пронајде малолетникот М.З. (17) од овој град, сторител на 22 кривични дела, од кои 19 тешка кражба.
Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Штип, малолетникот бил спроведен до казнено-поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава против вработен во „Градски гробишта“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Тој, на 12.11.2020 година, во својство на службено лице во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, го известил Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ дека за потребите на „Градски гробишта“ неопходен им е камион кипер за транспорт на 800 бекатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа. Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренесол во дворот од својата викендичка која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противптравна имотна корист од над 60.000 денари.
Црна хроника
Притворен тетовец кај кого било најдено оружје за кое нема дозвола

Полицијата привела 25-годишен тетовец, откако при преглед на неговото возило било пронајдено оружје, за кое немал дозвола.
„На 25.2.2021 во 21.15 часот на ул. Видое Смилевски Бато во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И.(25) од с.Желино, Тетовско, затоа што при преглед во неговото возило ‘ауди’, со тетовски регистарски ознаки, бил пронајден и одземен пиштол ‘ЕКОЛ 99’-9 мм, за кој немал дозвола“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Затворен угостителски објект во Гостиварско, приредувал игри на среќа без лиценца

Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Управата за јавни приходи извршиле контрола во угостителски објект во с.Добридол, Гостиварско, сопственост на Е.Џ.(32) .
При контролата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, било констатирано дека во објектот, без лиценца, нелегално се приредуваат игри на среќа, поради што времено му била одземена целокупната опрема за приредување игри на среќа.
„По расчистување на случајот, против Е.Џ. ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер