Црна хроника
Вработена во казино заработи кривична, без покритие уплатила 474,888 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(22) од Скопје поради постоење основи за „затајување“ и против Ш.Н.(33) од селото Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ во врска со „поттикнување“ и ,,соизвршителство“.
„Во јули, во казино во Скопје првопријавената како вработена во казиното, во повеќе наврати извршила уплати на пари на повеќе апарати без покритие, додека второпријавениот со планирање на начинот и во договор со првопријавената, истата ја поттикнал во негова корист да уплати парични средства без покритие во вредност од 474.888 денари“, јави МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) 15 прекршувања на забраната за движење, 480 казни за неносење маска

15 лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 20.00 часот на 14.04.2021 до 05.00 часот на 15.04.2021, известуваат од министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци, велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.
Црна хроника
Казни за 190 возачи во Скопје, 22 за брзо возење

Вкупно 190 возачи во Скопје биле казнети за сторени сообраќајни прекршоци.
22 возачи добиле казна за возење над дозволената брзина, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за возење без возачка дозвола.
Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
Македонија
Гостин нападнал сопственик на кафуле оти му рекле дека нема место поради ковид-мерките

Дваесет и двегодишен тетовец доби кривична пријава бидејќи истепал сопственик на угостителски објект во градот.
Како што информираат од полицијата, настанот се случил пред да стапи на сила забраната за гости во локалите.
„Пријавениот дошол во објектот и побарал да биде послужен со пијалак, но откако бил одбиен со образложение дека сите маси се зафатени поради почитување на протоколите за работа и спроведување на мерките за заштита од ширењето на Ковид-19, тој го нападнал сопственикот“, соопшти полицијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш