Контакт

Црна хроника

Вработени во болница и ги дале картичките на хигиеничарката за лажно да пријавуваат прекувремена работа

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(58) од Охрид и О.Л.(49) од Струга за ,,лоупотреба на службена положба и овластување“. Во период од февруари 2012 година до ноември 2015 година, првопријавената, како помошник директор за економски работи во ЈЗУ Општа болница Охрид изготвила 13 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, додека второпријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ Општа болница Охрид, изготвила 10 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, при што истите ги завериле наредбите со свои потписи, како и со факсимилот со скратен потпис од директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, без овластување од него.

Пријавените, за да ги потврдат изготвените наредби, и ги дале службените картички за редовност на хигиеничарката, и со усна наредба ја задолжиле да врши отчитување на истите во 20 часот, и покрај тоа што пријавените останувале на работните места до 16 часот. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 141.746 денари, на штета на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Црна хроника

Се трага по гостиварец кој со пиштол тешко ранил свој роднина

Објавено пред

Од

Гостиварското Основно јавно обвинителство трага по напаѓач кој денеска повредил едно лице во својот дом во гостиварското село Долна Бањица.

Според првичните информации, осомничениот, кој бил во блиски роднински врски со оштетениот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил оштетениот во пределот на стомакот.

Со возило на итната медицинска помош ранетиот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде што му била извршена хируршка интервенција. Осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, но се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Од ОЈО информираат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото каде што било рането лицето и издадени се наредби за собирање траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Притвор за двајца разбојници што киднапирале тетовец и за него барале откуп од 20.000 евра

Објавено пред

Од

Тетовското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица за сторено кривично дело изнуда. Како што информираат оттаму, настанот се случил вечерта на 16 август во период од 21.23 до 00.01 часот по полноќ во стан на осмиот кат од зграда во Тетово.

Оштетениот бил повикан од лице што живеело во станот и кога влегол внатре, лицето излегло од станот и ја заклучило вратата. Тогаш од друга соба излегле две лица и му се заканиле за животот на оштетениот барајќи му сума од 20.000 евра.

Исплашен за својот живот, оштетениот се јавил на својот син и му кажал дека е киднапиран. Вечерта во неколку наврати двајцата разбојници се јавувале на синот на жртвата барајќи ја наведената сума. Кога синот рекол дека ги обезбедил парите, се договорил со осомничените да се најдат пред бензинска пумпа, но тој не отишол на наведеното место, туку настанот го пријавил во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифатил предлогот на Обвинителството и со решение им изрекол мерка притвор на осомничените лица во времетраење од 30 дена.

За третото лице, кое сторило кривично дело противправно лишување од слобода, Обвинителството ќе донесе мериторна одлука по спроведување на истражната постапка во фаза на поведување обвинение.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Маскирани лица претепале момче на кејот во Центар

Објавено пред

Од

Маскирани лица претепале и изболе 20-годишно момче од Студеничани. Нападот се случил вчера околу 22 часот на кејот на реката Вардар во Центар, кај МКЦ.

Според информациите на МВР, У.Ш.(20) од село Студеничани, Скопско, бил физички нападнат од страна на неколку маскирани лица, кои со физичка сила и остар предмет му нанеле повреда во пределот на стомакот. Од страна на лекар од Градската општа болница му биле костатирани телесни повреди. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија13 часа

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија14 часа

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија16 часа

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион16 часа

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија16 часа

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија18 часа

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија18 часа

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија18 часа

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион19 часа

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет20 часа

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Свет1 ден

Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин. Портпаролот на рускиот...

Свет1 ден

(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а...

Регион1 ден

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет2 дена

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Регион2 дена

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај...

Економија2 дена

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет2 дена

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет2 дена

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Досие