Црна хроника
Вработен во обложувачница си присвоил 95.000 денари од прометот

Дваест и тригодишен скопјанец доби кривична пријава поради затајување.
„Како вработен во фирма за приредување игри на среќа, на работна позиција оператор, во текот на октомври 2020 година во повеќе наврати затаил парични средства, кои му биле доверени во врска со работата“, велат од полицијата.
Тој ги задржал за себе тикетите и за нив не извршил уплата на парични средства.
Станува збор за износ од 95.000,00 денари, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Радожда запленета марихуана од Албанија

Марихуана која била пренесена од Албанија за продажба во Македонија била пронајдена од страна на полицијата во струшкото село Радожда.
Како што информираат од МВР, акцијата била спроведена синоќа на влезот во селото.
По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, велат од полицијата.
Црна хроника
Казнети 245 возачи во Скопје, 39 за брзо возење

На територијата на Скопје изречени се вкупно 245 казни за сообраќајни прекршоци, информираат од министерството за внатрешни работи.
Меѓу нив за непочитување на брзина на движење казнети биле 39 возачи, 35 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, 11 за некористење сигурносен појас.
МВР соопштува дека 10 казни биле изречени за користење на мобилен телефон, 5 за возење под дејство на алкохол и 69 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
Црна хроника
Кривични за сопственици на локали во Тетово и Велес каде што не се почитувале мерките против вирусот

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објект, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што информираат од МВР, на 15. февруари годинава околу 21.35 часот, полицијата во Тетово извршила контрола во локалот и констатирале дека Н.М. постапил спротивно на одлуката на Владата и по дозволеното работно време во објектот имало гости.
За истото кривично дело поднесена е пријава и против Н.З.(64) од Велес, сопственик и управител на локал.
На 24 декември минатата година полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитуваат владините одлуки, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер