Контакт

Македонија

Шестнаесет сообраќајни несреќи вчера во Скопје

Објавено пред

Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и осум со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди 13 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека двајца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи шест биле нерегистрирани, седум возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, тројца поради непоседување пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и двајца возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 43 мандатни платни налози и исто толку возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Македонија

Консултации со градоначалниците за спроведувањето на Законот за локалната самоуправа

Објавено пред

Во организација на Министерството за локална самоуправа и ОБСЕ, денеска во Скопје се одржа последниот консултативен форум за оценка на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа.

Со цел да се подобри системот на локалната самоуправа, Министерството за локална самоуправа во соработка со ОБСЕ спроведува процес на оценка на имплементацијата на Законот за локалната самоуправа во рамките на кој се организирани и пет консултативни настани. На денешниот консултативен настан беа поканети градоначалниците кои што со своето искуство во спроведувањето на Законот го дадоа својот придонес во идентификувањето на слабостите и начините за нивно надминување.

„Оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа се спроведува во исто време со активностите на Владата за продлабочување на процесот на децентрализација. Овие два процеси се одвиваат независно еден од друг, но крајната цел е да се обезбедат услови за оддржливи, ефективни и ефикасни општини, во служба на граѓаните. Во еден инклузивен процес, со вклученост на сите засегнати страни, оваа финална консулатација треба да ги даде заклучните согледувања и наоди со препораки дури и во форма на конкретни предлози за изменување и дополнување на законот. Ова е можност сите вклучени страни во процесот на консултација, а пред се градоначалниците да го дадат својот придонес за подобрување на системот на локалната самоуправа“, рече заменикот минбистер за локална самоуправа, Дејан Павлески.

„Законот во неговото спроведување покажа многу позитивни трендови, но и предизвици во однос на учеството на граѓаните, транспарентноста и отчетноста, во вршењето на надзорот и во обезбедувањето на финансиите. Децентрализацијата треба одново да се осмисли и затоа ОБСЕ ја поддржа оваа активност на Министерството за локална самоуправа за оценка на спроведувањето на Законот, заради подобрување на локалната самоуправа во интерес на сите граѓани, рече шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, амбасадорот Клеменс Која.

Со цел да се обезбеди сеопфатност во спроведувањето на оценката беше организиран широк инклузивен процес на вклучување на сите засегнати страни, вклучително и граѓаните. Врз основа на прашалници, сите општини и градот Скопје доставија информации за спроведувањето на одредбите од Законот, групирани во 4 столба-транспарентност, партиципација и отчетност, надлежности, механизми за соработка и надзор над работата на органите на општината, како и организација и работа на органите на општината. Паралелно, беа направени и интервјуа со претставници на општини и со релевантни институции на централно ниво, како и истражување на перцепцијата на граѓаните за функционирањето на општините. Во рамките на активностите за оценување на Законот за локална самоуправа беа организирани и четири регионални консултативни форуми на кои што учествуваа претставници на локалната администрација, секретарите и членови на советите од сите општини. Финалниот извештај од спроведената оценка за имплементацијата на Законот за локалната самоуправа ќе биде доставен до Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Објавено пред

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански скали“, проект кој требаше да биде дел од „Скопје 2014“. Со обвинението опфатени се поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Димитар Димовски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и Дејан Митревски, претседател на општинскиот комитет на оваа партија во Аеродром.

Покрај нив, обвинети се вработени во Министерството за транспорт и врски, нотари и вработен во Катастар, како и правобранителот на Град Скопје. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Договорите за продажба на земјиштето за изградба на објекти биле дополнувани со анекси, но никогаш објектите не биле изградени. „Во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоообвинетиот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на РМ, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист“, соопшти Обвинителството. Со дејствијата обвинетите предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 163.513.868 денари, или приближно 2,6 милиони евра. Истрагата беше отворена во јуни годинава, а Обвинителството бараше притвор за осомничените.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Со поднесените амандмани, од ДУИ ни даваат сериозна причина за размислување

Објавено пред

Неколку илјади поднесени амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на законите за Академијата на судии и јавни обвинители, за јавнообвинителската служба и за измена на Изборниот законик, испраќаат нечесна и недржавничка порака, рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиуми која ја даде по означувањето на стартот за проширувањето на скопскиот булевар „Никола Карев“.

Во врска со поднесените неколку илјади амандмани на измените на Изборниот законик за формирање една изборна единица, Заев истакна дека од ваквите измени најмногу ќе изгубат големите партии, како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но ќе добие државата.

„Ќе добијат сите партии, и со етнички предзнак и помалите партии, ќе добие демократијата. Поднесените 9.000 амандмани значат блокирање на овој процес и страв дека ќе има оформено мнозинство во Собранието да се донесе новиот изборен модел“, кажа премиерот.

За поднесените 5.000 амандмани од владиниот коалициски партнер ДУИ по однос на изборните промени, Заев рече дека тоа е сериозна причина за размислувања што ќе ги отвори СДСМ.

Прашан дали е можна нова коалиција, Заев само повтори дека ќе има сериозни размислувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија3 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија6 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија6 часа

Фросина Ременски врши увид во доказите за Меѓународниот сојуз

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија6 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет7 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет8 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет8 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија19 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет19 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет20 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа21 час

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет21 час

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт22 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија1 ден

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа1 ден

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија1 ден

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија1 ден

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија1 ден

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија1 ден

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Досие