Топ
(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа заплени 515 килограми марихуана на граничниот премин Богородица.
Марихуаната е пронајдена при контрола на камион со скопски регистерски таблички на граничниот премин Богородица на излез од Македонија во специјално направен бункер на покривот на приколката. Од МВР соопштија дека дрогата била спакувана во 181 пакување со различна големина и тежина.
„Запленетата марихуана требало да се транспортира до Турција, а нејзината вредност се проценува на над милион евра. По претходно дадени насоки, на Граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија извршен е претрес во товарно моторно возило ‘ман’ и полуприколка ладилник со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице, а управувано од З. А. (46) од Скопје. При извршениот претрес во специјално направен бункер во покривот на приколката пронајдени се 181 полиетиленски пакувања со марихуана, а З.А. е приведен“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Додаде дека во текот на ноември и декември Д. С. (33) од Скопје набавил марихуана од Албанија со цел продажба во Турција, а го организирал и транспортот преку Македонија и Грција до територијата на Турција. За реализација на транспортот, Д.С. за соодветен паричен надомест го ангажирал З.А.. Бункерот во возилото бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде што веќе била подготвена марихуаната за транспорт.
„Во текот на денешниот ден до Обвинителството е поднесена кривична пријава против Д. С. како организатор на транспортот и З. А. како транспортер на дрогата за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти Ангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Анѓушев: Малта не треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото поместување на „црната листа“ на САД.
Портпаролот на малтешкото МНР во изјава за „Тајмс од Малта“ истакнал дека Министерството никогаш не добило никакви негативни информации за Анѓушев од неговото назначување во 2021 година.
Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување, што веднаш стапува во сила и внимателно ги следи најновите случувања, изјавил тој.
Анѓушев преку соопштение и се заблагодари на, како што вели пријателска Малта за честа да биде почесен конзул, но наведува дека со оглед на одлуката на Стејт департментот, со која не се согласува, но ја цени и прифаќа, смета дека не е во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име.
„Се заблагодарувам на пријателска Малта за честа да бидам почесен конзул на членка на ЕУ во Македонија од 2021 година. Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт Департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана. Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на која било држава или институција“, вели Анѓушев во соопштението до медиумите.
Тој додава дека одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на него и со тоа прашање треба да се носи лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.
„Во текот на вчерашниот ден лично го информирав министерот за надворешни работи на Малта за новонастанатата состојба, како и за мојата определба да ги искористам сите пропишани можности во правец на издржано и осовано преиначување на оваа одлука на администрацијата на пријателските САД. Министерот ме информира дека Малта одблиску ќе го следи развојот на настаните и дека во тој контекст ќе го земат предвид секој позитивен исход. На министерот Борг му изразив благодарност за можноста и честа во еден период да служам во интересите на држава членка на ЕУ и на интересите на нашите две земји“, наведе Анѓушев.
Македонија
Мајката на Вања: Сè уште не можам да разберам зошто моето девојче е сега во гроб

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само за децата, вели за поранешниот сопруг Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања, во разговорот за српскиот весник „Република“.
„Не можам да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол“, вели Зорица во разговорот.
„Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве замолувам да почекаме додека не дознаеме зошто се случило тоа“, рече таа.
Зорица за поранешниот сопруг вели дека биле во добри односи, но разведени веќе пет години.
„Ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Но, веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателство, за воспитување, му дозволуваа да ги гледа кога сака или кога сакаат децата“, рече Зорица.
Таа понатаму наведува дека не знае дали нејзиниот поранешен бил во коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.
„Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Остана сам за да ме остави на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања бидејќи си поставувам многу прашања зошто се случи ова. И чекам да дознаам“, рче таа.
Таа им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и како таа се справува со сето тоа. Таа дури и нема да каже колку години има.
„Ве молам не ме прашувајте за другото дете. Сега ми е најважно да ја заштитам“, вели Зорица и додава дека има најголема можна доверба во полицијата.
Вања Горчевска беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко. Ова е првпат да се огласи мајката на Вања откако беше пронајдено телото на убиеното девојче.
Македонија
Во Македонија уапсено лице од Косово кое се сомничи за убиство на Еквадор

Македонската полиција го приведе Рамзи Аземи од Косово поради распишана потерница по него во Еквадор за убиство на државјанинот на Албанија, Илир Хидри, што се случило во мај 2017 година во градот Гвајакил во Еквадор.
Според косовските медиуми, Аземи бил главен осомничен за ова убиство.
МВР ја потврди информацијата.
„На 05 декември во 22.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(42) од Косово, затоа што по извршена контрола и проверка било констатирано дека се барал со меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, стои во полицискиот билтен.
Во текот на истражниот процес биле собрани докази кои ја докажуваат поврзаноста на Аземи со ова дело. Тој бил на црвената листа на Интерпол. Јужното одделение за кривична правда, со седиште во Гвајакил, издаде налог за негово апсење во 2021 година.
Уапсеното лице го чека формален процес на екстрадиција.
Во јуни 2017 година беше убиен Илир Хидри. Тој бил застрелан со три куршуми во задниот дел од главата. Постои оправдано сомневање дека Хидри бил соучесник на полицијата која ја разоткрила нарко мрежата. Тој е осомничен дури и дека соработувал со американската ДЕА во решавање на криминал и активности на нарко-мрежа.