Црна хроника
Гостиварец фатен со лажен негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром

Гостиварец се обидел да ја напушти државата со фалсификуван негативен ПЦР-тест за што е казнет со глоба од 2.000 евра.
„На 17 март 36-годишниот обвинет се обидел да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ употребувајќи фалсификуван медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2. Иако знаел дека не се тестирал и дека таков сертификат не е издаден од наведената болница, тој исправата ја употребил како вистинита пред аеродромските служби“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Вчера околу 13.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје на подрачје на скопската населба Автокоманда го лишија од слобода Д.Т. од Скопје. Со употреба на службено куче од Единицата за службени кучиња во две подрумски простории во зграда во Автокоманда што ги користел Д.Т. била детектирана дрога, извести МВР.
– Пронајдени се пет пакувања марихуана со вкупна количина од околу еден килограм и една тегла во која имало околу 100 грама амфетамин, како и дигитална вага и опрема за изготвување мали паковки за улична продажба, соопшти МВР.
По документирање на случајот, до налдежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ.
Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка натепала ученик во Берово

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
„На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник“, велат од МВР.