Црна хроника
Гостиварка во кутии за чај шверцувала марихуана

Тројца гостиварци се уапсени поради обид за трговија со марихуана. Дрогата што ја набавиле во Косово планирале со автобус да ја прошверцуваат во Турција, каде што планирале да ја препродадат. Трите килограми марихуана ги спакувале во кутии за чај, но биле откриени од страна на цариниците на граничниот премин Богородица. Против нив е поднесена кривична пријава и им е одреден 30 дена притвор.
Дргата била откриена завчера по што се приведени Т. А. (45), А. З. (42) и А. И. (39) од Гостивар. Според сознанијата на полицијата,Т. А. по претходен договор со А.З, во втората половина од минатиот месец, за неутврдена сума од Косово набавиле марихуана со цел да ја транспортираат од Гостивар до Истанбул заради понатамошна препродажба.
„Кога Т. А. ја набавил марихуаната, тој ја препакувал во картонски кутии од чај, по што го ангажирал З. А. да пронајде лице што ќе го изврши транспортот на дрогата за паричен надомест од 1.500 евра. За таа цел била ангажирана А. И. да го изврши транспорт на марихуана со автобус. Таа резервирала билети и на 31 минатиот месец заминала со автобус кон Истанбул. Истиот ден, околу 19.30 часот, на излезот од Македонија на ГП Богородица, при проверка на багажот мобилен тим од Царинската управа во внатрешноста на автобусот пронашол две најлонски кеси во кои се наоѓале вкупно четири картонски кутии од црн чај исполнети со по едно најлонско пакување со марихуана.
Картонски кутии од чај, во кои имало четири пакувања дрога, биле одземени и предадени на полициски службеници, по што се доставени за крим-техничко вештачење во МВР на РМ. Од извршеното вештачење било утврдено дека се работи за три килограми наркотична дрога марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка измамила странец: му дала клуч од туѓ стан, тој и’ платил без да го види, па не можел да отклучи

21-годишник од Република Турција пријавил во полицијата дека бил измамен од женско лице од Скопје.
Според пријавеното, откако на 29 ноември на социјалната мрежа Фејсбук видел дека жената изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба.
Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 2 декември тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Средовечна жена од Валандово го нападнала сопругот, полицијата ја приведе

Полицијата доцна синоќа во Валандово приведе 50-годишна жена од градот затоа што физички го нападнала нејзиниот сопруг.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Охриѓанец заврши во полицијата поради сомнеж дека со автомобилот удрил во сограѓанин по расправија

Со охриѓанец бил извршен службен разговор во текот на вчерашниот ден поради сомнеж дека со автомобилот намерно удрил во сограѓанин.
Од МВР велат дека се работи за 45-годишен маж од Охрид за кој постои сомнеж дека во градот, по претходно недоразбирање, со неговото возило го удрил Д.Т.(22) .
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.