Црна хроника
Градежен работник починал по пад од објект во изградба

Шеесет и двегодишен жител на с. Барешани, Битолско, паднал од објект во изградба и починал. Несреќата се случила вчера на улицата Крушевска Република во Битола додека изведувал градежни работи.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош во Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено во судска медицина за обдукција. Увид извршила екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава за двајца скопјани, ја злоупотребиле службената положба

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К. Н. (32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и фалсификување службена исправа и против Б. Х. (30) и Ш. Х. (29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.
Првопријавениот К. С., во својство на службено лице, вработен во подрачно одделение за матично работење во Скопје при Управата за водење на матичните книги во Министерството за правда, по претходен договор со второпријавениот и третопријавената, на 4.11.2021, без примено писмено барање за издавање извод од Матичната книга на родените и без доказ за уплатена административна такса за издавање извод, изготвил и издал извод од Матичната книга на родените за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.
Црна хроника
178 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи.
Од нив, 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

На 30.1.2023, на улицата Гоце Делчев во с. Кривогаштани, Прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани, го привеле П. М. (36) од с. Кривогаштани.
Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“ поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување казна затвор во траење од две години и три месеци.