Контакт

Црна хроника

Грк пронајден починат на паркинг пред казино во Гевгелија

Објавено пред

Седумдесет и тригодишен државјанин на Грција бил пронајден починат на возачкото седиште од автомобилот, на паркинг пред казино во Гевгелија.

Случајот во полицијата го пријавило обезбедувањето на казиното.

„Ј.П.(42) од селото Стојаково, вработен како обезбедување во казино, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г.(73) од Р.Грција. Според пријавеното, тој во 18.30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.

Од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Косовец внел кокаин во затворот Идризово додека бил во посета

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе обвинение до Основниот кривичен суд Скопје против косовски државјанин кој се товари дека при посета на затвореник донел дрога во затворот Идризово.

„Обвинетиот на 31 јануари во просториите на Казнено-поправната установа ‘Идризово’ во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено пуштил во промет наркотична дрога кокаин со нето-маса од 89,96 грама. При влезот во установата обвинетиот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога кокаин“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Прегазен пешак во Куманово

Објавено пред

Вчера на регионалниот пат Куманово – Граничен премин Пелинце, во селото Старо Нагоричане на место викано Попчевци, патничко моторно возило, управувано од Ч.С.(69) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(23) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болица Куманово за укажување лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетничка која управувала мопед се здобила со тешки повреди во сообраќајка

Објавено пред

Вчера во селото Стар Караорман, Штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и мопед.

Како што јави МВР, со возилото управувал В.М.(69) од Штип, а мопедот го возела 15-годишна малолетничка од селото Таринци, општина Карбинци.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Петта жртва на коронавирусот во Италија

Во Италија денеска почина и петто лице заразено од коронавирусот, соопшти шефот на државната служба за цивилна заштита, Анџело Борели....

Македонија2 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија2 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија2 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ4 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа4 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа4 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет5 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет6 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа19 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет21 час

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа22 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија22 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ1 ден

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет1 ден

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет1 ден

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Досие