Црна хроника
Дваесет и шестгодишен охриѓанец доби кривична пријава поради напад врз својата сестра
Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен охриѓанец под сомнение дека ја нападнал својата сестра и ѝ нанел телесни повреди.
Како што информираат од МВР, пријавениот казненото дело го сторил на четврти месецов во семејна куќа на улицата Бекир Али Риза.
Тој физички ја нападнал својата сестра влечејќи ја и гребејќи ја со раце, со што ѝ нанел повреди изразени во гребаници и отоци на рацете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Тело во фаза на распаѓање пронајдено покрај Лепенец кај Орман
Човечко тело во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладне покрај реката Лепенец во селото Орман, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај реката е забележано тело.
На местото излегле полициски службеници кои извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител биле преземени мерки за расчистување на случајот.
Кај телото била пронајдена автобуска картичка на име Ј.М. (70) од Скопје, женско лице.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров
Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот работник паднал и се здобил со тешки повреди.
Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Со мотоцикл излетал од патот: скопјанец завршил со тешки повреди
Во СВР Скопје вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
