Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Трнодол
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во скопската населба Трнодол. Вчера, во 8 часот, на улицата Трнодол во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолкваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од И. Ф., и „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Г.
Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот Р. Ф. од возилото „голф“, а другиот сопатник од истото возило, М. Ф., добил телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Тело во фаза на распаѓање пронајдено покрај Лепенец кај Орман
Човечко тело во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладне покрај реката Лепенец во селото Орман, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај реката е забележано тело.
На местото излегле полициски службеници кои извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител биле преземени мерки за расчистување на случајот.
Кај телото била пронајдена автобуска картичка на име Ј.М. (70) од Скопје, женско лице.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров
Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот работник паднал и се здобил со тешки повреди.
Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Со мотоцикл излетал од патот: скопјанец завршил со тешки повреди
Во СВР Скопје вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
